За Нас

Проектирање, изработка и имплментација на напредни решенија за сите производствени компании.


Нашата компанија, составена од високо мотивирани и посветени инженери, секојдневно работи на усовршување и поедноставување на имплементираните процеси на нашите клиенти. Секојдневното учење ни овозможува успешно имплементирање на најновите технолошки достигнувања.


Наша цел е позиционирање на компанијата на светската мапа како пропознатлив симбол за квалитет, иновативност, конкуретност и достапност.

Структура на секторите во нашата компанија


Секторите во нашата компанија претставуваат засебни целини кои се дизајнирани да функционираат меѓузависно едни со други, со цел помагање на проектирањето сеопфатни решенија.

Компанијата се состои од 3 сектори каде квартално се раѓа по барем една нова идеа, производ или решение кое само по себе може да претставува посебен сектор, а некогаш и посбен бизнис. Тие се: индустриска автоматика, ИТ секторот и секторот за електроника.

Секторот за индустриска автоматика, се занимава со решавање на конкретни проблеми и изнаоѓање на практични машински и системски решенија кои го дефинираат од ново или го подобруваат веќе постоечкиот процес во една компанија.
ИТ секторот развива решенија за напредно и поефикасно работење на производствените компании. Работејќи заедно со другите два сектори можеме да понудиме автономни компјутерски водени процеси за мерење и подобрување на целокупната ефикасност.
Овој сектор проектира и произведува наменски хардверски решенија кои што резултираат како независни продукти со автономно управување или како дел од IoT светот. Нашата експертиза е во напредно процесирање, уникатни интерфејси на допир и бежична комуникација.

Продукти и Услуги

ОЕЕ

Overall Equipment Effectiveness (OEE) e систем за мерење, анализирање и прикажување на ефикасноста на секоја машина во еден производствен процес во реално време. Користењето на системот за навремено информирање преку е-mail и СМС резултира со намалено време на застој и зголемена ефиксаност.

IoT

Дизајнирање и производство на хардверски решенија кои што резултираат како независни продукти со автономно управување или како дел од IoT светот. Нашата експертиза е во напредно процесирање, уникатни интерфејси на допир и бежична комуникација.

DTC1701

Диференцијален термостат наменет за управување на систем за санитарна топла вода поврзани на системот на топлификација-БЕГ. Целта на овој уред е паметно искоритување на природните ресурси и намалување на потребата на електрична енергија произведена од фосилни горива.

Image Processing

Дизајнирање и изработка на системи за детекција и отстранување на нецелосни производи, производи кои не се во толеранција, производи со несоодветна форма како и оптичко детектирање и верификација на 1D и 2D бар кодови.


Process Control

Управување и компјутерско водење на процеси во следниве индустрии: прехрамбена, фармацевтска, индустрија за цемент, електронска, градежна, метална и др.



DTC1702

Брзо, економично, ефикасно решение за контрола на системи за производство на топла вода од сонце. DTC1702 диференцијален термостат е следбеник на веќе докажаниот DTC1701. Овој модел е направен во покомпактно куќиште, има уникатен интерфејс на допир и наменет за ѕидна монтажа.

10.000+ линии код!

Портфолио

Подолу можете да ги погледнете нашите проекти.
За сите дополнителни информации, контактирајте не на pna@pna.mk


client
client
client
client
client
client